Три македонски ракометни клубови денеска играат европски натпревари

Екипите на Вардар 1961, Металург и Бутел, денеска играат меѓународни натпревари на кои ќе го претставуваат македонскиот клупски ракомет, а ситуацијата е таква што трите тима се во различни улоги пред денешните дуели.

Бутел нема никаква шанса против унгарски Ѓенѓеши во квалификациите од ЕХФ Европската лига, а тоа се виде и вчера кога „гробарите“ загубија со 13 гола разлика. И реваншот се игра на теренот на противникот, па средбата ќе биде само формалност.

Ситуацијата е сосема спротивна кај Металург кој игра во истото натпреварување. Тимот од Автокоманда од 19 часот е апсолутен фаворит против хрватскиот тим Спачва, и не би смеело да се помисли на друго освен на убедлива победа. Во Sport Life, може да погодувате и дали металурзите ќе победат со едноцифрена или двоцифрена разлика. Реваншот е планиран за 5 септември во винковци.

Вардар 1961 од 20.15 часот (пренос на МРТВ) го пречекува хрватски Нексе во реванш четвртфиналниот дуел од СЕХА лигата.Тука вардарци се фаворити според квотите во Sport Life, но хендикепот е поставен на 1,5 гола разлика.

Натпреварот ќе се игра без публика. На првиот меч во Нашице во март, Вардар победи со 31-30. Победникот на овој двобој, во полуфиналето на Ф4 турнирот во Задар ќе игра против ППД Загреб.

Кај Црвено-црните официјално ќе дебитираат Кантрагрел, Вујин, Валчак, Гаџа, Векиќ, Јотиќ, Јагуриновски, Талески и Георгиевски. Ќе го нема капитенот Стојанче Стоилов кој е заразен со вирусот Ковид-19 и веќе ги брои деновите во домашна изолација пред повторно да се врати на тренинзите.

- Оглас -

Најнови вести