Три меча како создадени за ГГ3+, но и останатите два пара имаат потенцијал за ефикасни исходи

1003 Вулверхемптон – Лидс јунајтед (Премиер лига, 21ч)

Иако првата овосезонска битка заврши со минимална победа на Вулверхемптон од 1-0, овие две екипи се познати по тоа што често знаат да забиваат, но и да примаат погодоци, особено тоа значи за Лидс.

Во променлива форма се двете екипи – Лидс има учинок од три победи и два порази во последните пет кола, од кои четири натпревари завршија ГГ3+, додека пак Волците запишаа победи со идентични 2-1 над Саутхемптон и Арсенал, во петте последни кола кои се издвојуваат како ефикасни мечеви за нив.

Разликата во бодови е само два во корист на Лидс, кој има и натпревар помалку на 11-тото место, додека Вулвс паметат само еден триумф од последните пет гостувања.

Предлог тип: ГГ3+ (2.24)

 

3001 Фиорентина – Специја (Серија А, 18:30ч)

Ремито од 2-2 од првиот меѓусебен дуел ветува дека и на „Артемио Франки“ ќе паднат повеќе голови. Фиорентина во 22 меча забележа исто толку погодоци, додека просечно дозволува речиси 1,5 гол по натпревар во Серија А, што ѝ дава простор на Специја да брка изненадување во Фиренца.

И гостите ретко кога успевале да ја сочуваат мрежата. Шокантанта победа од 2-0 кај фаворитот Милан во претходното коло беше голем исклучок, но очекувањата се дека Специја вечерва ќе ја вади топката од својата мрежа, барем еднаш.

Предлог тип: ГГ3+ (2.65)

 

1801 Арминија Билефелд – Волфсбург (Бундеслига, 20:30ч)

Арминија изненади што остана непоразена против шампионот Баерн Минхен и беше блиску до голем триумф на „Алијанц арената“ во ремито од 3-3. Тој учинок им дава верба на домаќините дека вечерва ќе ја прекинат низата на Волците од пет лигашки меча без примен погодок.

Волфсбург во овој дуел влегува полн со самодоверба откако оствари учинок од четири победи и едно реми во последните пет кола во Бундеслигата со гол-разлика 8-0, но и фактот што го доби првиот меч сезонава против тимот од Билефелд со 2-1. Затоа големи се шансите и сега исходот да биде сличен, односно да видиме најмалку три гола на средбата.

Предлог тип: ГГ3+ (2.26)

 

1302 Бетис – Хетафе (Ла Лига, 21ч)

Ќе помине еден месец од последниот лигашки триумф на Хетафе доколку гостите вечерва не издвојат позитивен резултат на „Бенито Вилјамарин“. Сепак, шансите за тоа се мали бидејќи Хетафе е во кризен период со четири порази и едно реми во последните пет кола, додека пак кај Бетис е сосема различна ситуацијата.

Тимот на Мануел Пелегрини бележи учинок од четири победи, две ремија и пораз од Барселона во претходните седум кола, кој му беше прв лош резултат на домашен терен во изминатите три и пол месеци.

Бетис треба да го добие овој меч, притоа средбата се очекува да биде ефикасна.

Предлог тип: 1 & 0-4 (2.35)

 

1702 Брест – Олимпик Лион (Лига 1, 21ч)

Лион беше во опасна серија пред поразот од Монпелје во претходното коло, но вечерва со триумф може да се врати привремено на врвот во Лига 1 и да ја продолжи тесната битка со ПСЖ и Лил за шампионската титула.

Сепак, на Лавовите ќе им биде тешко да стигнат до позитивен резултат на гостувањето кај Брест, ако се знае дека во претходните три меѓусебни дуели не се издвоил победник. Лион од 2012 година не памети лигашка победа над Брест, па можеби вечерва ќе се прекине тој пост.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.79)

 

- Оглас -

Најнови вести