Петок е најава за возбудливиот викенд кој следи, а во најсилните европски лиги се игра по еден натпревар. Токму тие дуели се и дел од денешните Квоти на денот во Sport Life.
Штутгарт ја пречекува Борусија Дортмунд, а реално е Милионерите да освојат барем еден бод на ова гостување, во меч на кој ќе има од еден до три погодоци, што носи коефициент 2.35.
Севилја дома игра против Гранада и нема дилема дека домаќините се фаворити за освојување на трите бода. Интересна комбинација тука би била Севилја во двете полувремиња да постигне меѓу еден и три погодоци, што вреди одличен коефициент 2.75.
Во Премиер лигата, Њукасл е домаќин на Вулверхемптон и домаќините не смее да си дозволат нов пораз. Токму затоа 1Х&1-2 вреди коефициент 2.70.
Ако решите да ги одиграте сите три предлози на еден тикет, само од овие три средби ќе добиете одличен коефициент од 17.44.