Големото холандско дерби е во фокусот на европскиот фудбал денеска. Двете екипи имаат по 36 бодови и се на делба на второто место со еден бод помалку од лидерот ПСВ Ајндховен.
Феенорд дома игра одлично, но Ајакс е тим кој без проблем победил на последните две гостувања на „Де Куип“ и тоа на два пати со по 3:0. Ќе биде неизвесен дуел, но сепак гостите се благи фаворити и не би требало да загубат. За Х2&ГГ, коефициентот е 2.10.
Челзи гостува кај Вулверхемптон во Англија во меч на кој лондонскиот тим едноставно мора да победи ако сака да го задржи чекорот со водечкиот двоец Манчестер сити и Ливерпул на табелата во Премиер лигата. За комбинацијата 2&2-5, коефициентот е одличен и изнесува 2.30.
Во Италија се игра дерби и тоа меѓу Милан и Наполи. Кога се игра на „Сан Сиро“, Милан секогаш е фаворит, но не треба да се заборави дека Наполи може секого да изненади. За 1Х&ГГ, квотата е 2.35.
Доколку се решите да ги одиграте сите три меча од Квоти на денот, вкупниот коефициент што ќе го добиете е одличен и изнесува 11.35.