Три меча завршија со 3-1, Шкендија се одлепува на врвот

Шкендија на гости го совлада Пелистер со 3-1, а со истиот резултат триумфираа и Вардар против Беласица, како и Македонија Ѓорче Петров над Ренова, во седмото коло на првата македонска фудбалска лига. Академија Пандев го победи Силекс со 1-0, а Струга Трим Лум беше подобра од Шкупи со 2-0 во останатите денешни дуели.

На дуелот во Битола пелистерци поведоа од пенал, но Ахмеди со прекрасен гол од слободен удар го израмни резултатот, по што во второто полувреме Дориев и Ибраими од пенал ги донесоа трите бода за Шкендија која сега има четири бода предност пред најблиските конкуренти.

Најтрофејниот клуб, Вардар, првпат сезонава имаше улога на голем фаворит, и ја оправда, со победа од 3-1 над Беласица. За струмичани кои немаат ниту еден бод, останува утехата дека го дадоа најубавиот гол на мечот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести