19.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Три милијарди долари за еден мал дел сопственост на Серија А

Американскиот инвестициски фонд Баин Капитал понуди три милијарди долари за да откупи 20 отсто од акциите на Серија А. Италијанската лига бара инвеститори по кризата која го зафати ова првенство поради пандемијата од Коронавирусот.

Серија А се смета како четврта најбогата лига во светот, а посебно стана атрактивна по доаѓањето на Кристијано Роналдо. Со Португалецот во дресот на Јувентус, вредноста на ТВ правата за пренос на мечевите од оваа лига нагло се зголемија па во сезоната 2018/19 беа заработени 1,3 милијарди евра, што е дури 60 отсто од вкупниот приход на лигата кој изнесуваше 2,5 милијарди евра.

По повеќе од три месеци пауза, вечерва се враќа фудбалот во Италија и тоа со дуелот од полуфиналето на Купот меѓу Јувентус и Милан. Утре е второто полуфинале во кое ќе играат Наполи и Интер, а потоа е борбата за трофејот. Мечевите во Серија А треба да започнат на 20 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести