Три од петте најефикасни екипи во Топ 5 лигите се од Германија

Сезоната во европските фудбалски првенства се пред крај, а во најголемиот дел се познати и новите прваци. Во Топ 5 лигите на шампионските трофеи веќе се израдуваа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, а неизвесноста е во Серија А и Премиер лигата. Милан и Интер водат битка во Италија, а Манчестер сити и Ливерпул се во трка за трофејот во Англија.

Според досега одиграните мечеви, Баерн Минхен е убедливо најефикасниот тим во најсилните пет лиги во Европа. Баварците ја освоија 11-тата титула во низа со неверојатен просек од 2,88 погодоци по меч во Бундеслигата.

По Баерн Минхен, следи Манчестер сити со просек од 2,54 погодоци во Премиерлигата, а меѓу петте најефикасни екипи се и Борусија Дортмунд со просек од 2,52 погодоци во Бундеслигата, Ливерпул има 2,49 погодоци во Премиер лигата и на петото место е Баер Леверкузен со просек од 2,36 погодоци по меч во првенството.

- Оглас -

Најнови вести