„Три од три“ реална цел на Американците

Панама – САД (02:30 часот – Голд куп, трето коло)

Двете селекции имаат по шест бода од претходните два меча, така што овој дуел ќе одреди која репрезентација од групата Д како прва ќе патува во нокаут фазата. Американците во два меча постигнаа 10 гола и притоа сочуваа празна мрежа. Како бранители на трофејот нивна цел е повторно да бидат на врвот во ова натпреварување, а со максимален учинок од групната фаза ќе покажат колку се сериозни во таа намера.

Низ историјата, САД и Панама се пресметаа на повеќе од 20 натпревари а Панамците оствариле само две победи. Ако се земат во предвид кои САД ги доби со 3-0 и 4-0, се најавува уште еден таков сличен исход.

Предлог тип: X2 & 3-5 (2.35)

 

Tринидад и Тобаго – Гвајана (00:30 часот – Голд куп, трето коло)

Исходот од овој дуел нема да ги смени нештата во групата Д. Двете селекции немаат шанси за пласман понатаму, па затоа ќе се игра за престиж. Тринидад е фаворит во пресрет на овој меч, а тоа го потврдуваат и последните осум меѓусебни средби. Четири од вкупно осум меча припаднаа на Тринидад, а Гвајана само еднаш се радуваше и тоа во квалификациите за СП во 2011 година.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)

 

Moнтреал импакт – Портланд тимберс (01:30 часот – МЛС лига)

Монтреал засега одлично се снаоѓа во Источната конференција. Води битка за второт место на табелата и засега имаат 27 бода по 18 натпревари. Истото не може да се каже за некогашниот американски првак. Портланд се дави на дното на Западот, но во изминатиов период полека го поправаат учинокот.

Меѓусебните натпревари на Монтреал и Портланд секогаш биле интересни. Голови не недостасуваат, а во вкупно седум средби двете екипи имаат по две победи. Се предвидува меч пол со погодоци, а на крајот трите бода ќе припаднат на домаќините.

Предлог тип: 1X & 2-4 (2.15)

 

Ди Си јунајтед – Орландо сити (02 часот – МЛС лига)

Тимот од Вашингтон повеќе од еден месец не може да освои три бода во МЛС лигата. Во последните пет меча ремизираа четири пати и претрпеа еден пораз, а ноќеска против Орландо имаат шанса да стават крај на низата непосакувани резултати. Триумф за нив е единствена опција бидејќи постепено ќе го губат чекорот со останатите екипи од врвот на табелата во Источната конференција, а со тоа можат да си ги загрозажт шансите за пласман во разигрувањата.

Орландо по 15 меча претрпе седум порази, а гостувањата во Вашингтон не ги памети по добро. Петпати гостувале досега и само еднаш издвоиле посакуван резултат, додека триумф над Ди си чекаат точно две години.

Предлог тип: 1 (2.28)

 

Торонто – Атланта јунајтед (02 часот – МЛС лига)

Последните два шампиони на САД и Канада ноќеска ќе се сретнат во меч кој претставува дерби. Канадската екипа е десеткувана поради отсуството на клучните играчи Алтидор и Бредли кои се со селекцијата на САД и настапуваат во Голд купот, што значи дека некој друг ќе треба да ја преземе лидерксата улога и да го урне актуелниот бранител на американскиот трон.

За проблемите да бидат уште поголеми, Торонто не може да се опорави од негативната серија која трае веќе осум меча, во кои петпати претрпеа пораз и трипати ремизираа. Атланта пак е во топ форма од четири последователни победи, а знаејќи дека се радуваа и во последниот меѓусебен меч против Торонто, ќе целат на одржување на победничкиот ритам.

Предлог тип: ГГ3+ (2.05)

- Оглас -

Најнови вести