Челзи ја продолжи традицијата и по деветти пат остана непоразен против Лестер во рамки од ФА Купот, за пласман во полуфиналето доволен беше погодокот на Рос Баркли. Сините им се приклучија на Манчестер јунатед и Арсенал во завршницата од најстарото фудбалско натпреварување, кои исто така во улога на гости остварија победи против Норвич, односно Шефилд јунајтед.
Англискиот играч за врска во 63-тата минута ја реши средбата на „Кинг пауер“ стадионот за конечни 1-0, па останува уште бранителот Манчестер сити да слави на гостувањето кај Њукасл да ја комплетира 100 отстоната ефикасност на гостинските екипи.
https://twitter.com/supporterscent/status/1277276187937603585