На синоќешните четири натпревари од НБА-лигата има три победи на гостинските екипи и само една на домашните. Најголемото изненадување го направи екипата на Мајами, која со 110-121 победи на гости против Сакраменто, додека изненадувачки славеа и кошаркарите на Торонто, кои беа подобри на гостувањето кај Индијана со 122-130.
Очекувано, но по голема драма, победи екипата на Њујорк против Детроит на домашен терен со 113-111, а фаворитсата улога ја оправда и екипата на Бруклин, која убедливо беше подобра на гостински терен од Мемфис со 86-111.