Три репрезентации ќе дебитираат на Европските првенства

Со одигрување на натпреварите од последното квалификациско коло, познати се сите репрезентации што ќе настапат на ракометното Европско првенство кое во јануари идната година ќе се игра во Германија, и на него ќе има тројца дебитанти.

За прв пат на едно континентално натпреварување ќе учествуваат селекциите на Фарски Острови, Грција и Грузија, кои се најдоа меѓу четирите најдобро третопласирани селекции во квалификациите. Покрај нив, и Црна Гора обезбеди пласман на ЕП.

По втор пат на едно ЕП ќе учествува и Италија, првиот пат Аѕурите настапија на ЕП 1998 година кога беа домаќини. Токму ова ЕП беше дебитантско и за репрезентацијата на Македонија.

Покрај овие четири репрезентации, преку квалификациите пласман на ЕП како прво и второпласирани во групите, обезбедија и Португалија, Македонија, Норвешка, Србија, Исланд, Чешка, Австрија, Романија, Холандија, Хрватска, Унгарија, Швајцарија, Словенија, БиХ, Франција, Полска. Директен пласман обезбедија Германија како домаќин како и Шпанија, Шведска и Данска кои беа најдобри од претходното ЕП.

- Оглас -

Најнови вести