Три саудиски гиганти во трка за Џејдон Санчо

Џејдон Санчо нема да остане во Манчестер jунајтед ова лето, тоа е јасна одлука која веќе ја имаа донесено и клубот и фудбалерот. Англискиот репрезентативец се врати на „Олд Трафорд“ по завршената позајмица во Челзи, откако лондонскиот клуб реши да не го откупи неговиот договор. Сепак, тој нема место ниту во плановите на менаџерот Рубен Аморим.

Според информациите од Островот, за Санчо се заинтересирани три саудиски клуба, Ал-Хилал, Ал-Итихад и Ал-Наср. Иако Челзи претходно имаше можност да го откупи за 25 милиони фунти, одлучи да не го направи тоа, оставајќи го Санчо без англиска алтернатива во моментов.

Манчестер јунајтед во 2021 година плати 85 милиони евра за неговите услуги, но денес неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 28 милиони евра. Клубот е подготвен да го продаде и нема намера да го задржи, па се очекува конкретна понуда од Саудиска Арабија во наредните недели.

- Оглас -

Најнови вести