Три сигурици и три неизвесни меча во НБА, над 35 кошаркари во понудата „плус-минус“ поени

Вкупно шест меча од НБА понудата на Sport Life има за полноќни возбудувања. Интересно е дека на три средби има фаворизирани екипи кои не треба да имаат многу проблеми да стигнат до победа.

Филаделфија на свој терен треба да донесе радост во дуелот против Портланд, а фаворит е и Минесота против Бруклин. Денвер нагетс игра на гости кај Сан Антонио, но тимот каде прва ѕвезда е Никола Јокиќ се очекува лесно да триумфира.

Лос Анџелес лејкерс игра важен меч во „Стејплс Центар“ против Торонто, а во отсусто на Леброн Џејмс, секако дека Ентони Дејвис е главен адут на домаќините. За Дејвис да биде во „плус“ поени, мора да постигне барем 29 на крајот.

Лилард кој е во одлична форма е на „граница“ од 33,5 поени , а Јокиќ да биде во плус мора да постигне барем 23 поени. Преку 35 кошаркари има во денешната понуда за „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести