Три сигурни „кеца“ нуди полноќната програма од НБА лигата

8001 Мемфис гризлис – Голден стејт вориорс (01ч)

Мемфис дефинитивно ќе сака да се реваншира за поразот од Воините пред една ноќ, откако потклекнаа пред разиграниот Вигинс со 40 поени. Мали се шансите за Кари да се врати за овој меч, па тоа е шанса за Морант и дружината да се врати во победнички колосек.

Иако Мемфис е меѓу послабите екипи со учинок на домашен терен, и Голден стејт се мачи на гостувања, што значи дека нијанси ќе одлучуваат во меч со мал број на поени.

Предлог тип: 1 & <219,5 поени (3.0)

 

8381 Филаделфија севентисиксерс – Сакраменто кингс (01ч)

Сиксерси со сигурност ќе сакаат да се вратат на победнички патеки на свое тло, откако пред два дена Милвоки им го нанесе само четвртиот пораз во 22 меча на домашен терен. Сакраменто е противник по мерка за лидерот од Источната конференција ако се знае дека Филаделфија ги доби последните четири меѓусебни средби, во кои имаше просек од околу 115 поени по натпревари.

Тоа што отсуствува Ембид нема да биде проблем, Филаделфија предводена од Док Риверс оваа сезона само еднаш загуби два меча по ред дома, а Кралевите засега немаат рецепт како да се спротивстават на една од најдобрите екипи во моментов.

Предлог тип: 1-1 (1.77)

 

8382 Милвоки бакс – Сан Антонио спарс (02ч)

Сан Антонио ќе биде уште една рецка во страшната низа на Милвоки, кој победи во 10 од последните 11 натпревари и е на пат да слави по шести пат во низа.

Спарси веќе пет години не знаат за победа во Винсконсин, а со оглед на тоа дека Адетокумбо и неговите соиграчи моментално се незадржливи, ќе продолжи традицијата разочарувања за тексашката екипа. Милвоки има серија од три победи по ред против Спарс на домашен терен со просечен учинок од околу 120 поени.

Предлог тип: Т1 >120,5 поени (1.84)

 

8383 Лос Анџелес клиперс – Шарлот хорнетс (03ч)

Клиперси имаат втор најдобар учинок на домашен терен на Западот и тешко дека младиот состав на Шарлот може да го наруши билансот на екипата која е претендент за титулата.

Особено по поразот од Далас, тимот од Ел – Еј ќе сака што побрзо да се врати во победнички ритам, откако загуби три од претходните пет меча. Шарлот од ноември 2017 чека на изненадување против тимот кој го предводат Ленард и Џорџ, но се чини дека се на прагот од петти пораз во низа од Клиперс.

Предлог тип: 1-1 (1.51)

- Оглас -

Најнови вести