Пет меча кои ако ги одиграте заедно според понуда во Квоти на ден ќе добиете вкупен коефициент од 59.32, ви нуди Sport Life за денеска.
Малави и Јужна Африка ќе играат за третото место на турнирот и тука не треба да очекуваме повеќе од два гола, а фаворитската улога е за Јужна Африка. За комбинацијата Х2&0-2 се дава коефициент од точно два.
Хамерби е домаќин на Калмар и не треба да загуби во дуел на кој се очекува да има погодоци во мрежите на двата тима. Играта 1Х&ГГ носи примамлива квота од 2.25.
Во Норвешка, Алесундс е домаќин на Оддс, а ова се две екипи кои играат ефикасно и отворено, па играта ГГ3+ што носи коефициент од 2.35 треба да е добар избор.
Во истото првенство, Бран е фаворит за победа над Стромгосет и се очекува да има повеќе погодоци во мрежата на гостите. Домаќините да постигнат еден гол во првото полувреме, а на крајот да има барем три погодоци во мрежата на Стромгосет носи квота од 2.20.
Понудата за денес се затвора со репрезентативниот дуел меѓу Португалија и Италија за играчи со 19 години. Тука фаворит е Португалија и треба да победи во дуел на кој ќе има барем три погодоци, за да биде добитен кеофициентот од 2.55.


