Сите играчи на Реал Мадрид кои минатата сезона беа дел од клубот ќе добијат премија дури од 450.000 евра за успесите во сезоната која измина. Кралскиот клуб освои три трофеи, и тоа во Лигата на шампионите, шпанското првенство и шпанскиот Супер куп.
Вкупната премија за секој од фудбалерите е 900.000 евра бруто, но во Шпанија данокот е речиси 50 отсто, што значи дека на играчите им остауваат по 450.000 евра.
„Тоа е износот кој клубот го има предвидено за сите фудбалери. Приватна работа е тоа дали веќе парите се префрлени или не“, велат од Реал Мадрид.
Реал Мадрид ја освои Лигата на шампионите откако во финалето со 1:0 го победи Ливерпул, а Кралскиот клуб доминираше и во домашното првенство, а се радуваше и на трофејот во Суперкупот на Шпанија.
Кралевите и во новата сезона започнаа одлично и веќе освоија еден трофеј. Во Суперкупот на Европа, Реал Мадрид славеше над Ајнтрахт Франкфурт за нов пехар во витрините на „Сантијаго Бернабеу“, додека во првенството има три победи во три среди, и тоа над Алмерија, Селта и Еспањол.

