Три вечерни „пеналчиња“ и сите три се за победи на гостите

Возбудувањата во најсилните лиги во Европа не престануваат. Вечерва се играат многу мечеви, а три се посебно интересни поради фактот дека европски гиганти во домашните првенства гостуваат кај реално послаби ривали.

Пари Сен Жермен од 21 часот гостува кај Нант во дуел на две екипи кои неверојатни 23 меча по ред не одиграле нерешено. Во овој период од 15 години ПСЖ има 20 триумфи, а Нант се радувал само три пати. Сега се очекува нов триумф на Светците, а за оние кои веруваат во „два во два“ квотата е одлична.

Во исто време со дуелот меѓу Нант и ПСЖ ќе започне и средбата Го Ахед Иглс и Феенорд. ГА Иглс има четири порази во четири меча и тешко да се надева на бодови против гостинот од Ротердам. За „два во два“ квотата е преку два.

Од 21:30 часот ќе започне средбата меѓу Жил Висенте и Порто. Некогашниот европски првак има пет победи и едно реми во последните шест дуели со овој ривал, а и вечерва е голем фаворит за освојување на трите бода, па за оние кои веруваат во Порто може да се одигра и „два во два“.

- Оглас -

Најнови вести