Трибините празни, но навивачите грмат пред стадионот на Севилја (фото)

Севилја сепак има поддршка во градското дерби против Бетис иако трибините на стадионот „Рамон Санчес Писхуан“ се празни. Навивачите на домашниот клуб се собраа пред стадионот да навиваат за победа и да го прослават рестартот на сезоната.

Речиси по три месеци пауза, најелитното шпанско фудбалско првенство продолжи со натпреварувањето, што е доволна причина да се прекршат мерките за заштита и превенција од ширење на ковид-19. Еуфоријата е преголема да не се даде поддршка на својата екипа, иако вратите од стадионот се затворени за фановите.

По петнаесетина минути нема голови во градското дерби меѓу Севилја и Бетис.

- Оглас -

Најнови вести