Трибините сепак нема да бидат празни

Нема потреба да се напоменува дека натпреварите во сите лиги во Европа и практично во целиот свет ќе се играат без присуство на публика. Тоа е една од главните мерки за заштита од корона-вирусот, а тоа важи и за шпанската Ла Лига. Но, таму се работи на создавање на атмосфера за колку-толку да се одржи духот на мечевите, кој со сигурност ќе го нема без навивачи.

Една од идеите на управата на шпанскиот шампионат е да се пополнат местата на трибините со екрани на кои ќе се прикажуваат реакции на навивачите преку „Твитер“. Ла Лига исто така соработува со компанијата „ЕА спортс“, креаторите на популарната видеоигра FIFA, да се спроведе нов начин на пресот на мечевите со цел случувањата на терените да бидат поатрактивни за гледачите преку малите екрани.

„Сум гледал неколку натпревари без публика, не ми се допаѓа ехото и глетката со празни трибини. Тоа е ужасно, па затоа се обидуваме да спроведеме модерни решенија за да можеме повеќе да уживаме во натпреварите. Пораките прикажани на екрани е едно од нив, а најверојатно ќе има промени во поставеноста на камерите со цел да се подобри преносот“, посочил претседателот Хавиер Тебас на денешниот видеосостанок.

- Оглас -

Најнови вести