21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тричасовна драма го даде последниот патник за четвртфиналето во Мелбурн

Стефанос Циципас е последниот патник во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија. Гркот, кој е четврти носител, се намачи во дуелот со Американецот Тајлор Фриц и победи со 3:2 во сетови, во меч кој траеше речиси три и пол часа.

Фриц на двапати имаше водство од 1:0 и 2:1 во сетови, но Циципас се враќаше ина крајот победи. Во сите пет сета, еден брејк беше доволен за да се добие сетот. Во последниот петти сет, Циципас клучната преност ја направи кога го осви сервисот на противникот за водство од 4:3 и потоа без многу проблеми го доби клучниот сет со 6:4.

Со завршување на овој меч, веќе се познати сите четвртфинални дуели. Возбудувањата ќе започнат со дуелот Шаповалов – Надал, а потоа ќе играат и Монфилс – Беретини, Агуер – Медведев и Синер – Циципас.

 

- Оглас -

Најнови вести