Тричко ја тресна „десетката“ во новата победа на Ларнака (видео)

Иван Тричковски дојде до 10-от погодок сезонава во кипарскиот шампионат. Македонскиот бомбардер стрелаше во победата на АЕК Ларнака против Докса при конечни 2-1. На Тричко му беа потребни само 14 минути да ја затресе мрежата на гостите, а на теренот се задржа до 70-тата минута.

Докса израмни само неколку минути по излегувањето на Тричковски, но Ларнака дури во петтата минута од судиското надополнување успеа да ги освои трите бода.

Тричковски со новиот погодок убедливо е прв стрелец во шампионатот на Кипар со 10 гола, има три повеќе фудбалерот на Анортозис Рајо. АЕК Ларнака по 9 кола е на втората позиција со 15 бода.

- Оглас -

Најнови вести