Тричко постигна хет-трик за 20 минути во голеадата на АЕК Ларнака

Иван Тричковски е спасителот на АЕК Ларнака во дуелот против Паралимни од седмото коло во кипарската прва лига. Македонскиот голгетер успеа да го сврти резултатот од 1-3 на 4-3 за околу 20 минути и да го доведе својот тим на прагот до третата победа сезонава. Фантастичниот Тричковски прво намали непосредно по стартот на второто полувреме, а во 61-та и 65-тата минута на двапати ја затресе мрежата од белата точка.

Сепак, наместо да ја задржат тешко изборената предност, фудбалерите на Ларнака направија нов пропуст по што им дозволија на гостите да израмнат на 4-4 во 73-тата минута. Како и да е, Тричковски веќе убедливо е најдобар стрелец во шампионатот со вкупно 9 погодоци сметајќи ги овие три денес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести