Тричковски го совлада Богатинов, гол даде и Јаховиќ

Иван Тричковски беше стрелец на вториот од петте гола кои АЕК Ларнака му ги даде на гостинот Ахна, чиј гол го чува Мартин Богатинов. Освен Богатинов, дресот на Ахна го носат и Јован Костовски и Бојан Маркоски.

АЕК победи со 5-1, за трето место на табелата со 9 бода од пет меча (две победи и три ремија). Во последните пет кола во кипарската лига, Тричковски има постигнато 6 гол.

Поразената Ахна со македонското трио во своите редови, има 7 бода од четири кола.

Вечерва од македонските интернационалци, гол даде и Адис Јаховиќ. Тој со погодок од пенал, го „отвори“ Денизлиспор, а на полувреме Малатијаспор води со 2-0.

- Оглас -

Најнови вести