Тричковски и Адеми погодуваа во победите на нивните екипи (Видео)

Искусниот македонски интернационалец Иван Тричковски потврдува дека е во одлична форма, откако го постигна четвртиот погодок во последните меча за тимот на АЕЛ Лимасол. На гостувањето кај Неа Саламис, АЕЛ Лимасол победи со 3:1, а Тричковски го постигна првиот гол за водство на гостите од 0:1 во 53 минута.

Тричковски сезонава има постигнато вкупно осум голови во првенството на Кипар, што го прави 37-годишниот напаѓач, еден од клучните играчи во тимот на АЕЛ.

Уште еден некогашен македонски репрезентативец се израдува на погодок. Аријан Адеми во игра влезе во 54 минута, а само 15 минути подоцна постигна гол на дуелот против Осиек за потврда на победата од 2:0.

Кај Динамо на теренот и тоа со капитенската лента беше и Стефан Ристовски. Динамо со оваа победа стигна до 49 бодови од 29 меча, додека лидерот Хајдук има 54 бодови од 28 средби. Хајдук утре на својот стадион „Пољуд“ ќе игра против Локомотива.

 

- Оглас -

Најнови вести