Тричковски и Мојсов одлични, Јану со петици ги полуде ривалите од Левски (Видео)

Иван Тричковски и Даниел Мојсов се пред пласман во четврт-финалето во квалификацискиот циклус за настап во Лигата на Европа по победата на АЕК Ларнака против Левски со 3:0.

Тричковски ја почна акцијата за првиот гол на домаќините, а Апостолос Јану прекрасно, со петица ја затресе мрежата на бугарскиот тим во 67-мата минута.

Само 180 секунди подоцна, Јану повторно одигра брилијантно и пак со петица, овојпат за асистенција до Рузи, кој зголеми на 2:0. Имаше и тензии на трибините, гостинските навивачи правеа проблеми, а поразот им го запечати Холанѓанецот Ектор Евел со нов прекрасен погодок во 75-тата минута.

Пред крајот на мечот, Тричковски беше заменет, а Мојсов го одигра целиот натпревар, по кој АЕК има голема предност за реваншот во Софија.

- Оглас -

Најнови вести