Тричковски не промашува пенали, цврсто го држи врвот со 17 голови

Иван Тричковски не промашува од белата точка и со два прецизни удари беше креатор на победата на АЕК Ларнака против АЕЛ Лимасол од 3:1.

Нашиот репрезентативец беше прецизен во 15. минута и потоа во 54. минута, а уште еден гол за АЕК постигна Акоран. Шпанецот Хурадо беше стрелец на почесниот гол за гостите.

Тричковски со овие два гола се зацврсти на врвот на листата на стрелците во Кипар со 17 гола, а сезонава на двапати имаше неверијатни подвизи со по 4 постигнати гола против Левски во квалификациите за Европа Лигата и со упте еден покер против Етникос Ахна пред две седмици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести