Иван Тричковски како капитен утревечер ќе ја предводи Македонија во дуелот против Ерменија. Напаѓачот кој на клупско ниво игра во Кипар, ќе биде како на домашен терен бидејќи многу добро го познава стадионот во Никозија. Тричковски откри кое е најголемото оружје на Македонија.
„Најсилно оружје на оваа репрезентација се мотивацијата, силата и добрата атмосфера. Добро сме подготвени и мотивирани го очекуваме натпреварот, кој е многу важен за нас. Ова е познат терен за мене, но штета е што ќе играме без публика. Сепак, наоѓаме начин како да се мотивираме во овие услови кога играме пред празни трибини“, рече Тричковски.