Тричковски пак даде гол, но не може сам – Богатинов ќе игра меч за историја на Кипар

Иван Тричковски си ја оствари нормата барем еден гол на меч, но овојпат АЕК Ларнака немаше успех и остана без финале во Купот на Кипар.

Таму учесник ќе биде македонскиот репрезентативен голман Мартин Богатинов, кој денеска не бранеше за Етникос Ахна, но се радува на победа од 2:1 во реваншот од полуфиналето и ќе има шанса за историја.

Етникос никогаш не го освоил пехарот во Купот на Кипар, а ќе игра за пехарот против Омонија.

Тричковски и соиграчите допатуваа на реваншот со негатива од 1:2 по поразот на свој терен, а и денеска загубија и останаа без шанса за трофеј.

Иван погоди од пенал во 20-тата минута и најави дека АЕК е фаворит, но потоа домаќините нанижаа три гола и го елиминираа тимот од Ларнака.

Омонија е вториот најтрофеен клуб на Кипар според бројот на освоените купови и има 14 пехари, а Етникос Ахна има само едно финале и нема трофеј.

 

- Оглас -

Најнови вести