Тригорија е под полициска опсада, навивачите на Рома се заканија со напад

Фудбалерите на Рома денеска од 11 часот ќе тренираат во својот камп во Тригорија, а местото е под надзор на полицијата за да се спречи евентуален контакт на играчите со навивачите.

Симпатизерите на Рома најавија жестоки протести и бараат оставки по дебаклот од 1-7 вчера, против Фиорентина, во меч од Купот на Италија.

Спортскиот директор Рамон Родригес Вердехо, или попознат како Мончи, им се извини на навивачите, но тие бараат средба со него, со легендата Франческо Тоти и со капитенот Де Роси.

Засега нивните барања се одбиени, Мончи најави дека е подготвен да си замине, но неговиот избор за тренер Еузебио ди Франческо одбива да си поднесе оставка, а и тој бараше прошка од навивачите за бродоломот во Фиренца.

- Оглас -

Најнови вести