Триколорите и Трите круни меѓусебно ќе се борат за финале на СП

Данска – Шпанија и Шведска – Франција се полуфиналините двојки на Светското првенство во ракомет по вечерашните четвртфиналиња, од кои само едно беше драматично до самиот крај.

Швеѓаните беа подобри од Египет со 26-22 благодарение на одличната одбрана во првото полувреме, кое им припадна со 14-9.

Франција долго се мачеше со Германија, но на крајот Галските петли победија со 35-28, иако на почетокот на второто полувреме Германците имаа предност од два гола разлика. По предноста на Германија од 20-18, Франција направи серија од 7-1 и го сврте мечот во своја полза.

- Оглас -

Најнови вести