Франција рутински ја победи Црна Гора со 35:24 и го продолжи максималниот учинок на Светското првeнство во Полска и Шведска.
Триколорите повторно се меѓу топ-фаворитите за златниот медал на Мундијалот, а се рекордери со шест шампионски круни.
Црногорците добро се држеа во првиот дел и имаа само 3 гола негатива, 13:16, но потоа на сцена стапија ѕвездите на Франција предводени од Ричардсон кој постигна 10 гола и славеа убедливо.
Франција е лидер во првата група со шест бода и ако го победи Иран во следното коло, ќе биде учесник во четвртфиналето.
Ултраефикасен меч одиграа и Исланд и Зеленортските Острови, а победи европската селекција со 40:30 и со 4 бода е на второто место во Втората група.