Триколорите и против Исланд покажаа зошто се закон на Мундијалите

Франција продолжи да реди победи на Мундијалот во Египет и вечерва со моќен финиш го победија и Исланд со 28:26 за петти триумф на турнирот.

Триколорите се најтрофејната нација на Светските првенства со шест злата, а и вечерва покажа зошто се број 1 на сите времиња со пеколен финиш и нова победа.

Исланд на 15-на минути до крајот водеше со 22:20, а потоа следеше фуриозен налет на 6-кратниот светски првак и со серија од 8:4 го задржа максималниот учинок на шампионатот во Египет.

Мем беше најефикасен со 7 гола, а Фабрегас постигна пет во победничкиот табор. Кристијансон со 7 гола за Исланд беше најефикасен на мечот заедно со Мем.

Од 18 часот се играше и натпревар од нашата група, а домаќинот Египет забележа ефектна победа од 35:26 против Белорусија.

- Оглас -

Најнови вести