Триколорките целат на нова голеада, ќе настрада Белгија

6751 Франција жени – Белгија жени (21 часот)

Селекција на Франција посакува да триумфира со уште една голеада по убедливите 5-1 тргна над Италија во првото коло на женското ЕП. Сега се предвидува потоп за Белгија, која пак ремизираше против Исланд.

Овие две селекции досега се сретнале само трипати во пријателски дуели, сите припаднаа на Триколорките со 2-1, 2-0 и огромни 7-0, што само го потврдува нивниот напаѓачки квалитет.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.40)

 

6750 Италија жени – Исланд жени (18 часот)

Двете селекции се во потрага по првата победа на континенталниот шампионат, со тоа што Италија посакува да го преболи дебаклот од силната Франција. И сега наидоа на рамноправен противник и поради тоа се предвидува тежок натпревар.

Во две од вкупно три меѓусебни средби, Италија се радувала на триумф, меѓутоа на ниеден од тие мечеви немало повеќе од три гола.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.90)

 

6737 Арарат – Шкендија (17 часот)

Тетовци ќе ја бранат предноста од два гола на реваншот во Ереван за да остане во конкуренција за пласман во Конференциската лига. Шкендија е подготвена за уште една цврста битка и би требало македонскиот тим да ги оправда очекувањата.

Иако Шкендија оствари само една победа во подготовките, Арарат е во црна серија од пет порази во низа, а за вакви натпревари многу е важно да се биде во позитивна форма.

Предлог тип: X Било кога (1.75)

 

6761 Дечиќ – Динамо Минск (20:45 часот)

Динамо Минск беше изненаден од пристапот на црногорскиот состав кој успеа непоразен да замине од првиот дуел при конечни 1-1. Белорускиот тим вечерва во Подгорица ќе мора да се оправдува за тој пропуст, во спротивно го чека сензација.

Гостите и во реваншот се фаворити, но прашање е дали ќе ја оправдаат улогата. Динамо во последните пет меча прима барем по еден гол, а тоа тимот на Дечиќ го гледа како шанса да направи чудо.

Предлог тип: ГГ прво / второ (2.40)

 

6722 Спортинг Лисабон – Вилјареал (22 часот)

Спортигн веќе ги започна подготовките и одигра реми од 1-1 против Ројал Унион, додека пак Вилјареал вечерва ги отпочнува обврските како загревање за новата сезона.

Пријателскиот дуел треба да биде зачинет со повеќе голови, да се игра без притисок и да се експериментираат нови идеи. Двете екипи се сретнаа во Лигата на Европа во сезоната 2019/20, во Шпанија се дела бодови при 1-1, додека во Лисабон славеше Жолтата подморница со 1-0.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.86)

- Оглас -

Најнови вести