Манчестер јунајтед на среќен , откако со 2:1 го совлада Вест Хем во рамките на петтото коло од Премиер лигата.
Кристијано Роналдо и Џеси Лингард беа стрелци на погодоците во 35 и 89 минута, но, вистински спасител на „црвените ѓаволи“ е Давид Де Геа кој успеа да одбрани пенал во 93. минута. Трагичар кај домашниот тим беше Марк Нобл, кој само што влезе, ја презеде одговорноста, но, не успеа да донесе бод кај „чеканите“.
Претходно, единствениот гол за домаќините беше дело на Бенрахма во 30. минута
Во вториот натпревар кој се одигра од истиот термин Брајтон славеше над Лестер со 2:1, Маупај и Дани Велбек донесоа нови три бода за овој тим, додека поразот го ублажи Џејми Варди.