Трилер на „Бентегоди“: Верона за 15 минути надополни негатива од 0-3

Верона се избори за бод во драматичната пресметка против Торино која заврши со конечни 3-3. Составот на Валтер Мацари прокоцка предност од три гола за само 15 минути и испушти убава прилика да наниже три победи во низа во Серија А.

Со двата гола на Ансалди, по еден во двете полувремиња, и еден на Берегуер, Торино по еден час игра имаше удобни 3-0 и речиши беше решен победникот од овој меч. Сепак, домаќините имаа други планови, па така пред истекот на 69-тата минута Пацини реализира пенал, за веќе по неколку минути Верона да намали на 2-3 преку Вере.

Степински реализираше во 84-тата минута за трилер завршница и поделба на бодовите во првиот меч од неделната програма од Калчолигата.

 

- Оглас -

Најнови вести