Трилер на „Олд трафорд“ – Јунајтед и Арсенал ги поделија бодовите

Манчестер јунајтед и Арсенал ремизираа при конечни 2-2 во дербито од 15-тото коло во Премиер лигата. „Топчиите“ дојдоа на „Олд трафорд“ со голема самодоверба по убедливиот триумф над градскиот ривал Тотенхем (4-2), па посакуваа да освојат и три бода против избраниците на Жозе Мурињо.

Мустафи ја отвори средбата во 26-тата минута, меѓутоа Марсијал само четири минути подоцна ги врати „црвените ѓаволи“ во игра.

Резултатот стоеше 1-1 до 68-та минута, а Лаказет набрзо по неговото влегување во игра му донесе нова предност на Арсенал, но гостинските фудбалери не стигнаа да го прослават голот бидејќи Јунајтед израмни уште во првиот напад по примениот гол. Лингард ја казни катастрофалната грешка на Колашинац.

Тотенхем лесно го совлада Саутхемптон со 3-1, екипата која пред неколку дена остана без менаџерот Марк Хјуз. Предност на „петлите“ им донесе Кејн во деветтата минута, додека Лукас и Сон погодија во почетните 10 минути од второто полувреме. Гостите преку Остин стигнаа до почесен гол во последната минута од судиското надополнување.

 

- Оглас -

Најнови вести