Трилер завршница со победнички кош на 1.1 секунда до крајот – МЗТ славеше во вечното дерби против Работнички

Дамјан Стојановски му донесе голема победа на МЗТ Скопје во вечното дерби против Работнички со клучен кош на 1.1 секунда до крајот.

Во трилер завршница на помалку од шест секунди до крајот Питс израмни за најтрофејниот клуб на 90:90, но домашните славеа со победничкиот кош на репрезентативецот Дамјан Стојановски.

Работнички одигра многу подобро прво полувреме и на одмор замина со предност од 55:46. Сепак шампионот немаше сила за да ја задржи предниста до крајот и го загуби петтиот меч по ред од МЗТ Скопје.

Дамјан Стојановски со 23 поени беше лидер на Металците, Маслинко уфрли 16, а Херис 12. Кај поразениот тим Питс беше прв стрелец со 21 поен, пред Балмазовиќ со 15.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести