Кристијан Пулишиќ, офанзивецот на Милан, би можел да се врати во Премиер лигата, каде што претходно го носеше дресот на Челзи.
Според информациите од Англија, 27-годишниот Американец предизвикува интерес кај Арсенал, Манчестер јунајтед и Тотенхем, и е отворен за враќање во англиската елита.
Росонерите се подготвени да го продадат Пулишиќ по завршувањето на сезоната за сума од околу 80 милиони евра.
Во 17 натпревари од тековната сезона во Серија А, напаѓачот забележа осум гола и две асистенции.

