Трипати беше најдобар голман на светот, сега ќе се обиде да биде претседател на својата земја

Хосе Луис Чилаверт ќе се кандидира за претседател на Парагвај, земја што ја прослави како голман. Во избор на ФИФА дури трипати беше прогласен за најдобар чувар на мрежата на фудбалската планета, па како голем адут на изборите ќе ја има и популарноста.

Чилаверт е еден од најдобрите голмани на сите времиња, со освоени вкупно 12 титули во различни категории, а во 1995, во 1997 и во 1998 година беше најдобар голман на светот во изборот што го организира ФИФА.

Интересно е што тој е вториот најдобар стрелец меѓу голманите во историјата на фудбалот со 62 гола, од кои 16 од слободен удар и е само зад уште една голманска легенда, Бразилецот Рожерио Сени.

Од признанијата посебно е значајно и тоа што го доби од федерацијата за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), од која е именуван како најдобар голман во историјата на американскиот континент.

Во средината на оваа година Чилаверт најави дека ќе се кандидира за претседател, а сега го има и слоганот „Горд сум што сум Парагваец. Чила претседател 2023“.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести