26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Трипие даде еврогол, па се спаси со помош на ВАР системот (Видео)

Кјеран Трипие даде прекрасен гол од слободен удар против шампионот Манчестер сити и го доведе Њукасл на праг на победа, но потоа и се спаси од исклучување со помош на ВАР системот, а гостите израмнија на 3:3.

Репрезентативецот на Англија е специјалист за слободни удари, а уште еднаш покажа дека е вистински велемајстор со фантастичен гол во 54. минута, тогаш за предност на Њукасл од 3:1.

Голот можете да го погледнете ОВДЕ.

Но, Сити брзо израмни на 3:3 со головите на Халанд и на Силва, а Трипие беше исклучен во 74. минута.

По стартот над Кевин де Бројне, бекот на Њукасл доби директен црвен картон, но сепак се спаси.

Судијата Жиле беше повикан од колегите од ВАР собата да го провери стартот и потоа одлучи да го повлече црвениот картон и да му покаже само жолт на Трипие.

https://twitter.com/canelo____/status/1561400352984817664?s=20&t=dEnfkTAA-8YtLPiC_0AfUQ

- Оглас -

Најнови вести