Киеран Трипие го имаше дебито за Њукасл, беше стартер, но нема да го памети по добро, затоа што Чавките загубија дома од третолигашот Кембриџ јунајтед со 0-1 во ФА купот.
Ајронсајд беше стрелец на голот за сензација во 32-финалето на англискиот куп, а голема заслуга за триумфот има и Бугаринот Димитар Митов, кој е голман на Кембриџ.