Никола Јокиќ стана петттиот кошаркар во историјата на НБА по Оскар Робертсон, Џери Лукас, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук кој направил трипл-дабли на првите два натпревари во една сезона.
Српскиот центар беше само петти стрелец во екипата на Денвер нагетс, постигна скромни 14 поени, но имаше и 14 скока и 15 асистенции, па беше најзаслужен за триумфот на Груките против Феникс санс од 133-111. За Јокиќ тоа беше 166-ти трипл-дабл во кариерата.
Шампионот Оклахома сити предводен од Холмгрен и Гилџиус-Александер кои заедно постигнаа 61 поени, победи на гости во Атланта со 117-100. За Тандер ова е трета победа сезонава.
Најинтересно беше во Филаделфија каде 76-ките го совладаа Шарлот со 125-121, Чикаго ја извојува и втората победа откако го надигра Орландо со 110-98, а откритие на вечерта е дебитантот Седрик Кауард од Мемфис кој погоди шест тројки без промашување и беше најзаслужен за победата против Индијана од 128-103. Кауард кој беше 11-ти пик на драфтот, даде 27 поени.

