Трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ, прв пораз на шампионот Торонто

Лука Дончиќ и Никола Јокиќ повторно блескаа за своите тимови во НБА лигата и со трипл-дабл учиноци им помогнаа на Далас и на Денвер да забележат и втора победа на стартот од новата сезона.

Дончиќ постигна 25 поени со 10 скока и исто толку асистенции, а неговиот Далас маверикс славеше со 123:116. По првата четвртина Њу Орлеанс пеликанс водеа со 14 поени разлика, 41:27, но победија Дончиќ и соиграчите. Кристапс Порзингис забележа 24 поени.

Кај поразениот состав Инграм беше прв стрелец со 25 поени.

Подраматично беше во Денвер, кафде Нагетс по продолжение го победија Феникс санс со 108:107. Никола Јокиќ забележа ефектен учинок од 23 поени, 14 скока и 12 асистенции, а одличен беше и Џамал Мареј со 27 поени и 7 скока.

Прв пораз во новата сеозна претрпе актуелниот првак Торонто репторс, а подобри од нив беа ланските финалисто во Источната конференција, кошаркарите на Бостон.

Келтите славеа со 112:106, предводени од Џејсон Тејтум со 25 поени и 9 скока. Торонто прокоцка предност од 6 поени пред стартот на последниот период, а дуото Сијакам и Лаури заедно постигна 62 поени, повеќе од остатокот на целиот тим на Репторс.

Во дербито на Заападната конференција Лос Анџелес лејкерс победи против Јута Џез со 95:86, благодарение на новиот Ол-стар тандем Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Леброн уфрли 32 поени со 7 скока и 10 асистенции, а популарната Веѓа имаше учинок од 21 поен и 7 скока.

Резултати: Бостон – Торонто 112:106, Шарлот – Минесота 99:121, Бруклин – Њујорк 113:109, Мемфис – Чикаго 102:110, Њу Орлеанс – Далас 116:123, Оклахома – Вашингтон 85:97, Денвер – Феникс 108:107 (по продолженија), Сакраменто – Портланд 112:122, Л.А. лејкерс – Јута џез 95:86.

 

- Оглас -

Најнови вести