Трите англиски екипи блескаа во групната фаза, а сега квотата е 880 за трите да одат во четвртфиналето

Многу голови и возбудувања имаше на првите осум меча од осминафиналето во Лигата на шампионите, а вечерва и утревечер ќе се играат реванш-дуелите, по што ќе бидат познати четвртфиналистите. Во групната фаза доминираа англиските екипи, но кога дојде нокаут-фазата, ситуацијата драстично се смени. Од шест англиски екипи кои поминаа во осминафиналето, на првите средби ниедна од нив не победи.

Арсенал и Њукасл ремизираа, а Челзи, Манчестер сити, Ливерпул и Тотенхем изгубија. Во Sport Life има понуда за тоа кои екипи ќе играат во четвртфиналето, а според квотите, поголем дел од англиските екипи се со многу мали шанси да одат понатаму.

Челзи, Манчестер сити и Тотенхем беа во Топ 8 во групната фаза, но сега се на излезна врата од ЛШ. Челзи со 2:5 загуби од ПСЖ на гости и вечерва на свој терен ќе има тешка задача да оди понатаму. Дури 11 коефициент е Челзи да го елиминира актуелиот европски првак ПСЖ.

Со пораз од 2:5 си замина и Тотенхем кај Атлетико Мадрид, па лондонскиот тим на свој терен да успее да ја анулира негативата и да оди во четвртфиналето е со квота дури од 16.

Манчестер сити на хартија важеше за фаворит против Реал Мадрид, но Граѓаните на првиот меч загубија со 3:0, па вечерва англискиот тим да биде подобар во двомечот е со квота од точно 5.

За англиските оптимисти, опцијата Челзи, Тотенхем и Манчестер сити да одат во четвртфиналето носи вкупен коефициент од 880.

- Оглас -

Најнови вести