Струга Трим Лум со голот на Илиески, ја победи Академија Пандев, и остана безбездна на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Шкупи како домаќин во Кичево направи пресврт против Брегалница и триумфираше со 3-1, а со истиот резултат победи и Шкендија во Ѓорче Петров. Значаен триумф против директен ривал во битката за излез во Европа извојува Силекс, кој во Кавадарци против Тиквеш ја прекина серијата од четири кола без победа. Немаше голови само во Прилеп каде играа последнопласираните две екипи.
РЕЗУЛТАТИ: Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 1-3, Победа – Скопје 0-0, Шкупи – Брегалница 3-1, Струга Трим Лум – Академија Пандев 1-0, Тиквеш – Силекс 0-2.
ТАБЕЛА: Струга 36 бодови, Шкупи 31, Шкендија 28, Силекс 26, Тиквеш 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија Ѓ.П. 17, А. Пандев и Победа по 12, Скопје 10.