Валтери Ботас од Мерцедес победи на Формула 1 трката за Големата награда на Русија, која се возеше на патеката во Сочи, искористувајќи ја грешката на клупскиот колега Луис Хамилтон кој беше на пол-позиција, но беше казнет со десет секунди поради движење во забранет простор при излегувањето од бокс за загревачкиот круг.
За Ботас ова е втора победа годинава и втора во кариерата на патеката во Сочи. Тие две казни од по пет секунди, беа главната причина што Хамилтон заврши на третото место, а не на она кое го посакуваше.
Втор беше Макс Ферстапен од Ред Бул.
Хамилтон испушти шанса да се изедначи со Михаел Шумахер по бројот на победи, а Кими Раиконен го изедначи рекордот на Рубенс Барикело по број на извозени трки во Ф1.