7.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Триумф на Наполи, Елмас одигра цел меч против Фиорентина

Наполи се врати на победите во Серија А, откако со 2-1 го совлада тимот на Фиорентина во натпреварот од 23-тото коло кој се одигра на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра цел натпревар.

Актуелниот италијански шампион го отвори резултатот со погодок на Антонио Вергара, а Мигел Гутиерез во второто полувреме ја потврди победата. Фиорентина донесе мала неизвесност по погодокот на Манор Соломон во 57-та минута, но Виолетовите немаа сили за комплетен пресврт.

Со оваа победа, Наполи се искачи на третата позиција со 46 бодови, еден помалку од Милан и шест помалку од лидерот Интер, додека Фиорентина продолжува да се бори за опстанок во елитата.

Во следното коло, тимот на Антонио Конте ќе гостува кај Џенова, додека Фиорентина ќе го пречека Торино на „Артемио Франки“.

- Оглас -

Најнови вести