Триумф во Фиренца по пост од 24 години – Наполи има две лица, скромен е во Европа и непобедлив во Италија (Видео)

Елиф Елмас и Наполи се непобедливи во Серија А и ја забележаа и седмата победа во новото првенство, откако вечерва ја надиграа Фиорентина и славеа со 2:1 на „Артемио Франки“ во Фиренца.

Ова е прва победа на Наполитанците по цели 24 години како гостин на Фиорентина, а стигнаа до нови три бода со пресврт.

Фиорентина со голот на Мартинес Кварта најави дека ќе ја сочува долгата серија од скоро две и пол децении без пораз од Наполи на свој терен, но ја прекинаа Лозано и Рахмани со по еден гол во мрежата на Драговски.

https://twitter.com/DardanianFooty/status/1444716048499068928?s=20

Елмас играше од 57-мата минута и со соиграчите се радуваше на седмата победа во Серија А во седум кола, па со максимален учинок од 21 бод, Наполи остана на првото место на табелата.

Фиорентина е петта со 12 бода. Во истиот термин од 18 часот Рома го победи Емполи со 2:0 со головите на Пелегрини и на Мхитарјан.

 

- Оглас -

Најнови вести