Триумф за Севиља, реми за Валенсија

Севиља ја оствари втората победа во Ла Лига оваа сезона откако на домашен терен го совлада Ваљадолид со 2-1. Нигерискиот интернационалец Чидера Еџуке беше стрелец на победничкиот гол за Севиља во 85-тата минута. Домашниот тим потоа остана и со фудбалер помалку откако во финишот беше исклучен Маркао.

Севиља поведе во 45-тата минута со автоголот на Давид Торес, а Ваљадолид израмни преку Кике Перес десетина минути подоцна.

Валенсија пред своите гледачи ремизираше без голови против Осасуна. Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно беше на клупата за резерви на домашниот тим.

- Оглас -

Најнови вести