Македонија стартуваше со победа од 2:о против Гибралтар во Лигата на Нации, во меч што ќе биде запишан како прв во новоформираното натпреварување. Со головите на Иван Тричковски во 19. минута и на Езџан Алиоски во 35. Минута рутински беше победен аутсајдерот во нашата група.
Македонија можеше да слави и поубедливо, но беа пропуштени доста шанси за повисок триумф. Сепак овој меч како и што се очекуваше беше само како загревање за поголеми предизвици. Прв таков, а веројатно и најважен ќе ни биде дуелот со Ерменија за три дена во Скопје.
Стефан Ристовски во 19. минута одлично го пригра Тричковски, а напаѓачот на АЕК Ларнака ја продолжи гол-серијата и н и донесе предност од 1:0. Предноста во рана фаза значеѓе поспокојна игра на фаворитот, а се си дојде на свое место 16 минути подоцна. Овојпат Тричковски беше во улога на асистент на голот што го постигна Алиоски за водство на Македонија од 2:0.
Во продолжението се очекуваше голеада на гостите, бидејќи јасна беше разликата во квалитет на двете репрезентации, но избраниците на Игор Ангеловски застанаа, па мечот заврши со резултат од 2:0.
Во првиот меч од нашата, четврта група во Д сегментот Ерменија го победи Лихтенштајн со 2:1.